Србија денеска беше погодена од силно невреме. Проследено со пороен дожд, грмежи и град, што ја зафати поголемиот дел од државата. Во некои региони, како што е Срем, град со големина на лешник паѓаше повеќе од еден час, создавајќи сериозни оштетувања на земјоделските култури.
Поплави и нарушен сообраќај
Западна Србија, а особено Пријепоље, беше погодена од силни поројни дождови кои ги поплавија улиците и предизвикаа сообраќајни проблеми. Во Краљево, околу 17 часот, се случија поројни дождови, силен ветер и град, додека во околината на Топола и во јужен Банат се пријавени исто така врнежи од град.
Силно невреме во Србија, загина една жена
Сериозни штети предизвикаше невремето и на автопатот во близина на Смедерево, каде што камион делумно пропадна во асфалтот поради поројниот дожд. Сообраќајот на некои делови од автопатот беше нарушен, а дел од коловозот беше уништен.
Белград со отежнат сообраќај
Во главниот град, Белград, поројните врнежи и грмежи создадоа големи проблеми во сообраќајот, а во некои делови од градот, патниот сообраќај беше значително отежнат. Метеоролошките служби на Србија (РХМЗ) издадоа предупредување за продолжување на дождовите и грмежите во следните неколку дена.
Натамошни прогнози
Поројните дождови продолжуваат да зафаќаат централна Србија, а метеоролозите очекуваат нови неповолни временски услови во наредниот период. Граѓаните се предупредени да бидат внимателни поради потенцијалните поплави и оштетувања на инфраструктурата.
Извор: Независен