Една жена загина во силното невреме кое го зафати Сомбор на северот на Србија и околината.

„За време на силно невреме што го зафати Сомбор и неговата околина околу 17 часот, една жена загина кога дрво паднало врз возилото што го возела. Од повредите почина на лице место“, изјави вицепремиерот на Србија и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ.

Обилни врнежи од дожд, на места и град и силен ветар вчера ја зафатија Србија. Републискиот хидрометеоролошки завод го подигна метео-алармот за некои делови во земјата на највисоко, црвено, ниво.