-Ова можеби ќе биде најчудната објава досега. Утрово почнав да пишувам текст за приквел на ‘Роки’. Десет епизоди за неколку сезони за да влезете во срцето на ликовите во помладите години. Се надевам дека ќе се оствари, напиша Сталоне.

Сталоне направи голем пробив во Холивуд со боксерската драма „Роки“, за која го напиша сценариото и самиот беше номиниран за два оскара.