– Очекувам до крајот на оваа седмица да имаме забрзување, а од наредната малку да забави и ќе бидеме навреме, истакна Симовски.
Во врска со техничките проблеми кои се појавија, рече дека првиот ден немале проблеми зошто базата на податоци била празна, а веќе вториот ден мало успорување на процесот. Се детектирале причините и имале доволно време да направат ново тестирање, бидејќи ги мале попишвачите на терен. Истакна дека досега сите технички проблеми се решени.
– Користиме интерент од околина и не може само со еден предавател да се работи. Имаме голем и спремен тим и кој сето ова го контролира. Заштитните механизми се поставени на највисоко ниво. Техничките недоследности не се случија поради хакерски напади, рече Симовски.
Во врска со хакерските напади, имало два случаји за обид за хакерски напад на самот процес на попишување и двата се успешно одбиени и не предивикаа штета.
– Факт е дека има и такви групации кои сакаат овој процес да не успее и тоа јавно го демонстрираат и ги повикуваат граѓаните да не се попишуваат, додаде Симовски.