Синот на екс премиерот Владо Бучковски го затворил вечерашниот протест за Кочани што се случи на плоштадот Македонија.

Според видео од настанот синот на Владо Бучковски преку мегафон означил крај на вечерашниот протест кој вечерва во Скопје собра неколку илјади граѓани.

Појавата на Бучковски на протестот директно го урива наративот на иницијативата која наводно се бори за промена на системот.

Токму таткото Бучковски е човекот кој како висок функционер на СДСМ до неодамна специјален пратеник на Заев и Ковачевски за спорот со Бугарија го создавал системот кој неговиот син сега сака да го смени.

Бучковски беше портпарол, министер за одбрана и лидер на СДСМ како и премиер на Македонија до 2006 година по што беше суден за криминал со тенковски делови и осуден но поради застареност никогаш не отиде во затвор.

Синот на Бучковски до Кочани не бил експониран во политиката но сега по големата трагедија активно се појавува на политиката и граѓанската мапа на Македонија.

 

Извор: Expres.mk