Претседателот на Австриската народна партија (ОВП) и поранешен канцелар Себастијан Курц на Инстаграм ја објави првата фотографија со новородениот син и го откри неговото име.
Поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц преку социјалните мрежи ја информираше јавноста дека неговата девојка Сузан се породила во саботата наутро и родила син.
Курц денеска на својот Инстаграм профил ја објави првата фотографија со семејството и откри дека неговиот син ќе се вика Константин.