На телевизија 24 во емисијата „Анализа“ гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков кој дискутираше за евроинтегративниот пат на Македонија и посочи дека нападите на опозицијата и на Венко Филипче постепено паѓаат во вода, обвинувајќи ја претходната власт дека со своите политики ја довела државата во ќор-сокак во однос на билатералните прашања и евроинтегративниот процес.
„Сите напади на опозицијата и на Венко Филипче постепено една по една паѓаат во вода, не може тој истиот лидер на опозицијата кој честитајќи ја владата на нашите соседи од истокот на бугарската влада да ја напаѓа својата влада, тој истиот денеска да подава рака кога едно билатерално прашање немајќи консензус и немајќи разговори стана наш проблем и ќор сокак по којшто за жал сме втурнати заради политиките на СДС и оние коишто ја водеа надворешната политика“, рече Лефков.
Лефков истакна дека понудите од страна на опозицијата се лицемерни и дека позициите на Владата во врска со евроинтегративниот пат се аргументирани и поддржани од народот со цел процесот да се води достоинствено и без понижувања.
„Лицемерни се овие понуди и навраќање на истата реторика. Патот кон Европската Унија ќе го одиме со реформи, достоинствено без да дозволиме понижување, нема да дозволиме повторно уште еднаш да се доживее уште едно национално понижување, нашите позиции се јасни, се добро аргументирани се поддржани од народот и ние одбиваме уставни измени без гаранции дека тоа ќе биде последната пречка“, рече Лефков и додаде:
„Она што е факт е дека вчера Европската Комисија на Македонија додели 65,7 милиони евра, што е најмногу од сите во регионот, за споредба Србија доби негде околу 15-16 милиони за имплементирање на програми од оваа реформска агенда. Токму истата реформска агенда за којашто Венко Филипче и опозицијата велеше дека не се случува ништо или дека нема никаков напредок.
