Нема веќе ракавици во борбата на раководството на ДУИ со огнената група. По одлуката Бујар Османи да биде именуван за координатор во општината која со години ја раководи Изет Меџити никој веќе во Мала Речица не разговара за помирување.
Артан Груби на социјалните мрежи му ја честиташе новата функција на Османи констатирајќи дека во изминативе 3 години додека Меџити раководеше огранокот на ДУИ во Чаир бил во целосна стагнација.
„Покрај таа на претседателот, Бујари ја има и мојата поддршка во овие напори за повторно активирање на структурата во Чаир по три години отсуство на партиски активности во нашиот огранок и во локалните совети во огранокот. “ – порача Грби на социјалните мрежи.
Меџити вчера за Сител рече дека одлуката именување на Османи во неговата општина е смешна, нелегитимна и донесена од инает. На раководството му порача дека треба да ги следи граѓаните кои стојат на неговата страна.
Османи и денеска не беше достапен за коментар.
И додека Меџити ја води битката внатре во ДУИ, Алијанса како нов партнер во владината коалиција почна да полни директорски канцеларии, во рамки на делот од кадровскиот колач кој беше договорен меѓу Ковачевски и Таравари. Сурија Рушиди ќе биде нов директор на МЕПСО, Бујаре Абази ќе директорува со Пошта а Арсим Хасани ќе биде нов директор на Фондот за пензиско.