Песков изјави дека ревакцинацијата во земјата ќе биде неизбежна.
– Ситуацијата е тешка, тенденциите се повеќе лоши отколку добри, истакна Песков, додавајќи дека повторната вакцинација ќе биде неопходна кај оние луѓе чии антитела достигнале пониско ниво.
Во изминатите 24 часа во Русија се регистрирани 17.378 нови случаи на инфекција со Ковид-19, а од почетокот на пандемијата се потврдени 5.334.204 заразени, објавија руските власти.
Само во Москва се регистрирани 7.584 нови случаи на инфекција во изминатото деноноќие.
Според најавите на Министерството за здравство на Русија, наскоро во Москва ќе бидат организирани места за вакцинација на лица кои сакаат повторно да се вакцинираат со Спутник В.
Во девет региони е најавена задолжителна вакцинација за вработените во областа на услугите и трговијата, како и во државните институции.