МВР поднесе кривична пријава поради непостапување
Скандал во Македонски Брод. Секторот за внатрешни работи Битола – ОВР Македонски Брод поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Кичево против две службени лица – директор и социјален работник од Јавната установа Меѓуопштински центар за социјални работи Македонски Брод. Пријавените Р.С. (38) и К.В. (44) се сомничат за „непријавување кривично дело или сторител“, казниво по член 364 од Кривичниот законик.
Поднесена кривична пријава против малолетници за полов напад и закани над малолетничка во Скопје!
Телефонска пријава за силување на дете – службите не реагирале
На 7 март 2025 година, двајцата осомничени примиле телефонска пријава за полов напад и силување на дете сместено во згрижувачко семејство. Детето, кое сè уште немало наполнето 15 години, било жртва на лице од Македонски Брод. Наместо да постапат според закон, директорот и социјалниот работник не презеле ниту една службена мерка, информира Министерството за внатрешни работи.
Повторна виктимизација поради институционален пропуст
И покрај тоа што станува збор за исклучително сериозна пријава, осомничените не го пријавиле делото ниту во надлежните институции, ниту презеле дејствија согласно Законот за социјална заштита, Законот за правда на децата и подзаконските акти. Овие пропусти, според МВР, довеле до вторична виктимизација на детето, жртва на тешко кривично дело.
Извор: Курир