Граѓаните кои ги исполниле условите и имаат ажурирани трансакциски сметки ќе добијат автоматски поврат од апликацијата „Мој ДДВ“
Исплатата на „Мој ДДВ“ за скенирани фискални сметки од вториот квартал 2025 година (април–мај–јуни) ќе биде целосно реализирана најдоцна до 31 август 2025 година. Согласно законскиот рок од 60 дена по завршување на кварталот.
Граѓаните кои ги исполниле условите, скенирале сметки и имаат точно и ажурирано внесени податоци за трансакциска сметка. Средствата ќе ги добијат автоматски по обработката. Од УЈП потсетуваат дека во претходните исплати најчеста причина за доцнење биле некоректно внесени или неажурирани трансакциски сметки во апликацијата „МојДДВ“.
Како да си ја обезбедите исплатата без проблеми:
Проверете дали сите скенирани фискални сметки се евидентирани во апликацијата „МојДДВ“.
Осигурајте се дека трансакциската сметка е правилно внесена и активна во системот на УЈП.
Следете ги официјалните известувања од УЈП и апликацијата за актуелности.
Со редовно ажурирани податоци и проверка во апликацијата, исплатата на „Мој ДДВ“ ќе стигне навремено.
Како што е познато, граѓаните кои скенираат фискални сметки преку апликацијата „Мој ДДВ“ можат да добијат поврат и до 2.100 денари за едно тромесечие, или 8.400 денари за цела година.