На 12.03.2024 во 17,20 часот во Полициската станица Бит Пазар било пријавено дека на подрачје на Бит Пазар во Скопје две лица со остар предмет нападнале друго машко лице и му нанеле убодни рани.

Повредниот бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, а по преземени мерки било утврдено дека се работи за лицето Ф.К.(37) од Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.