Во битолското село Вашарејца утрово околу 09.30 часот се превртела цистерна со плин, а за ваквиот немил настан информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК). За среќа, возачот на цистерната се здобил со лесни повреди. Оттаму од страна на Итната медицинска помош е пренесен во битолската клиничка болница.

На местото биле испратени четири пожарникари од противпожарната единица во Битола со едно противпожарно возило. Екипи на Министерството за внатрешни работи (МВР) се излезени на терен, а за подигнување на цистерната се чека механизација.

Повеќе детали се очекуваат во текот на денот, како и целосно расчистување на случајот.