Шеесетгодишен скопјанец вчера попладне бил пронајден починат на автобуска постојка на подрачјето на скопската населба Драчево.

Случајот бил пријавен во Секторот за внатрешни работи Скопје на 2 октомври 2026 година во 14:35 часот, кога било соопштено дека на автобуската постојка се наоѓа телото на починатиот Г.С. (60) од Скопје.

Лекар од Итната медицинска помош пристигнал на терен и констатирал смрт кај лицето.

По насоки на дежурен јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на судска медицина за вршење обдукција.