ЕВН Македонија АД информира дека утре во период од 9 до 12 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од улиците „Блажо Биринчето“, „Франц Розман“, „Петар Шаулев“ и улица „Франц Месенел“, во општина Карпош.

Во период од 8:45 до 11 часот без електрична енергија ќе биде дел од улицата „Лука Геров“ од број 33 до 34, непарните броеви и околните згради. Во период од 12:10 до 14 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улица „Лука Геров“ број 13 и број 15 и околните згради во општина Ѓорче Петров.

Без струја утре ќе останат дел од корисниците во село Морани, после каналот за патот кон Зелениково. Корисниците ќе бидат без електрична енергија од 8:30 до 14 часот. Во периодот од 9 до 10 часот, без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците од село Орешани улица 7, во општина Зелениково.

Од 9 до 15 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од улиците „Леринска“, „Стрезово“ и дел од улицата „Козле“ во општина Карпош. Корисниците на дел од улица „Тодор Чангов“ подулица број 52 во општина Аеродром ќе останат без струја во период од 10 до 11 часот.

Без струја утре ќе останат корисниците од селата Чифлик, Дивље, Живиње, Сушица, Средни, Долно и Горно Коњари во општина Петровец. Корисниците ќе бидат без електрична енергија во период од 11:30 до 14 часот.

Корисниците од улиците „Ѓорѓи Поп Христов“, „Благоја Паровиќ“ „Никола Малешевски“ и улица „Роналд Реган“ во општина Чаир ќе останат без електрична енергија во период од 8:30 до 15 часот.