Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека со цел заштита на водоснабдителниот систем континуирано спроведуваат акции за отстранување на дивите приклучоци.

– Дивите приклучоци се забранети со закон (Закон за водоснабдување, член 23) и се утврдуваат од страна на овластен комунален инспектор на општината и на Градот (Закон за водоснабдување, член 37), врз основа на што за сите утврдени иматели на див приклучок ќе биде поткрена прекршочна постапка за сторено кривично дело, посочуваат од јавното водоводно претпријатие.

Укажуваат дека со дивите приклучоци се нанесува директна штета на системот за водоснабдување и на квалитетот на водоснабдувањето до сите корисници во град Скопје.

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје ги повикува граѓаните на одговорно однесување и регуларно поднесување на барања за водоводен приклучок доколку за тоа имаат потреба. Апелираме до граѓаните на град Скопје, доколку забележат див приклучок, да го пријават на 023073 010, kontakt@vodovod-skopje.com.mk, www.vodovod-skopje.com.mk или преку мобилната апликација достапна за Android и iOS.