На координативниот состанок биле изнесени поплаки во повеќе сфери. Градоначалниците укажале дека не фунционира јавниот превоз, Водовод и канализација и другите јавни претпријатија. Алармантната ситуација ги натера првите луѓе на општините да дојдат до предлог со кој би се одземале ингеренциите на Комунална хигиена и паркови и зеленило.
Градоначалникот на Општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски информираше за лошата ситуација. Паркови обраснати со трева, полни контејнери, канти полни со ѓубре, валкани места. Ова се само дел од проблемите на локалната самоуправа за кои скопските градоначалници прстот го вперуваат кон Данела Арсовска.
Локалната власт е улица во два правци, заклучува Ѓорѓиевски.
Се огласија повеќето градоначалници. Меѓу нив, објави имаше и в.д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески.
На денешниот координативен состанок на кој присуствувавме сите градоначалници од скопските општини, донесовме одлука да се достави предлог до Владата и до Министерството за животна средина со кој ќе побараме одземање на ингеренциите на Јавните претпријатија „Комунална хигиена“ и „Паркови и зеленило“.
Градоначалниците бараат процес на расформирање
Како градоначалници бараме обврските од овие јавни претпријатија да се предадат на општините и истовремено Владата да назначи владин повереник што ќе започне процес на расформирање на на овие две јавни претпријатија, додаде Митески.
Аларамантна ситуација во Град Скопје
Ваквите одлуки ги донесовме едногласно поради алармантната состојба со хигиената во градот и неодржувањето на јавните површини што се под надлежност на Град Скопје, заклучува тој.