Хамас продолжува да ги ракетира израелските градови. Поради нападот на Тел Авив, аеродромот Бен Гурион беше затворен. Израелската војска одговори со воздушни напади врз цели во Газа. Според Би-би-си најмалку 48 Палестинци, од кои 15 деца и шест Израелци, се убиени во досегашните судири.
Израел најави дека акцијата за казнување на Хамас штотуку почнува. Се апсат палестинските демонстранти во мешаните градови.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најави дека ќе ги интензивира нападите врз Газа, додека претставникот на ООН за Блискиот исток повика на прекин на огнот и предупреди дека „цената на војната ја плаќаат обичните луѓе“.