Претатавникот на приватните градски превозници „Слобода превоз“, Ленин Јовановски во четвтртокот попладнето преку соопштение информираше дека компанијата, по однос на информацијата за раскинивање на договорот помеѓу Град Скопје и „Слобода Превоз“, ќе ја оспори таквата одлука и ќе поведе спор пред надлежниот суд.

Во соопштението се додава и дека „што се однесува до вториот дел од соопштенито на Град Скопје, уште еднаш повикуваме да не се изнесуваат лаги и невистини во јавноста и да се знае дека ‘Слобода Превоз’ НЕ ПРОТЕСТИРА И НЕ БЛОКИРА СООБРАЌАЈНИЦИ“.

„Протестите и блокадите се од страна на СИТЕ приватни превозници кои се учесници во јавниот линиски превоз во Град Скопје , тоа се оние на кои ЈСП им должи пари, а Градот ги исклучува од превозот одземајќи им ги стекнатите права преку кои остваруваа приходи за егзистенција. Укажуваме и на фактот дека сите вакви избрзани и непромислени постапки и изјави кои ги слушавме изминатот период само ја влошуваат и така лошата состојба и провоцираат на поголем револт кај приватните превозници и не допринесуваат кон смирување на тензичните состојби туку истите сметаме дека ќе ги радикализираат. Слобода Превоз и понатаму останува да биде онаа која ги обединува , ги застапува и ги брани нивните интереси“, се вели во соопштението.