Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска ја разреши директорката на националната филхармонија Тина Иванова, како и членовите на Управниот одбор на установата. Одлуката е донесена по извршениот увид во работата на Филхармонија од страна на Комисија именувана од Министерството за култура.
Комисијата открила низа неправилности па Образложението за разрешување се повикува на Законот за користење и располагање со работите во државна и општествена сопственост, според кои директорката Иванова требало да постапува совесно, економично, соодветно, уредно, навремено и со склучените договори и правилници при издавање на просториите од Филхармонија.