Додека повеќето луѓе тешко се справуваат со неизвесноста и бараат инстантни резултати во секојдневието, одредени хороскопски знаци поседуваат извонредна ментална стабилност и трпение. Астролозите издвојуваат два знака кои никогаш не носат одлуки под притисок и знаат кога да почекаат.
Првиот знак е Бикот, препознатлив по својата постојаност, смиреност и непоколеблива истрајност при остварувањето на долгорочните цели. Откако ќе си зацрта план, тој не се откажува поради бавниот почеток, туку трпеливо и методично гради сигурна основа за иднината.
Втор знак со челични нерви е Јарецот, кој функционира исклучиво преку чекор-по-чекор стратегија и реално согледување на околностите. Јарецот не очекува лесни успеси преку ноќ и токму неговата истрајност му овозможува да остане присебен кога околностите не се поволни.
