Крстот кој беше мета на контроверзии и дебати утрово со снежна покривнка.

Попова Шапка во снежно руво утрово. Од фотографиите што ги сподели „Тетово Инфо“ може да се забележи вистинска снежна идила на овој планински врв.

Утрово најстудено со измерени -7 степени Целзиусови е на Попова Шапка, соопштија од УХРМ.

Доколку сте љубители на снегот и уживање во зимските спортови, побрзајте кон Попова Шапка додека не се стопил снегот, а во меѓувреме погледнете каква убавина се крие таму.