Фудбалската репрезентација на Македонија претрпе убедлив пораз во претпоследниот натпревар од квалификацискиот циклус за Европското првенство, против Италија во Рим со 5-2 (3-0).

Италијанците отворија одлично на „Олимпико“ и заслужено поведоа преку Дармиан. Пред полувремето дојде до драма. Столе Димитриевски го прочита и одбрани лошо изведениот пенал на Жоржињо, меѓутоа тогаш следеа две мајстории на Федерико Киеза. Во вториот дел на сцена стапи Јани Атанасов, кој го постигна својот деби-гол за Македонија, а потоа и вторпат стрела за 3-2.

Иако моментумот беше на страната на нашиот национален тим, Италија успеа да се консолидира и со погодоците на Распадори и Ел Шарави ја потврди победата. Во последната рунда Македонија ќе ја дочека Англија, а Италијанците одат директен дуел со Украина и им е потребен само бод.