ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА во 16 часот (во см)

27 Маврово, 24 Ѓуриште, 19 Лазарополе, П. Шапка, 15 Тополчани, 14 Пожаране, 12 Претор, 9 Битола, 8 Берово, 5 Штип, 4 Тетово, Прилеп, 1 Скопје За. Рид.

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ за изминатите 9 часа до 16 часот (во л/м2)

14 Пожаране, 10 Гевгелија, Тетово, Претор, 9 Ѓуриште, 8 Битола, 7 Штип, Тополчани, Берово, 6 Прилеп, Скопје За. Рид, Д. Капија, 3 Охрид, Струмица, 2 К.Паланка.

МАКСИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во 0С)

-3 Маврово, -2 Лазарополе, 1 Штип, 2 Берово, Д. Капија, Охрид, Битола, Прилеп, 3 Струмица, Тетово, Претор, 4 Кр.Паланка, Скопје Зајчев Рид, 5 Гевгелија.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Ќе биде облачно со врнежи од снег на планините и на повисоките места. На југоистокот врнежите ќе бидат од дожд, а на пониските места во останатите делови од земјата тие повремено ќе преминуваат од дожд во снег особено во ноќните и утринските часови. Пообилни врнежи ќе има во западните и северните делови и ќе дува умерен до краткотрајно засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.

Во Скопје облачно и студено со повремен дожд, кои кон крајот на денот и во текот на ноќта во делови од котлината ќе преминува во снег. Минималната температура ќе биде околу 0, а максималната ќе достигне само до 4 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Во вторник и среда ќе дува умерен до силен северен ветер најизразен долж Повардарието и ќе има услови за повремен снег на планините и повисоките места. На пониските места ќе има повремен дожд кој ќе преминува во снег. Во деновите од работната недела ќе се задржи студено, а утринските температури ќе се најниски во среда и четврток.