Според Снопче и покрај фактот дека Владата го формирала министерството за борба против криминалот и корупцијата, со овој феномен во државата не се бори, туку е во пораст.

Пратеникот потсети на изјавата на американската амбасадорка во Скопје дека Македонија не прави доволно во борбата против криминалот и корупцијата.

– Се согласувам дека има многу скандали, толку многу скандали се случуваат во оваа земја што не сме во можност да ги следиме. Но, дозволете ми да се осврнам на некои препораки, американската амбасадорка Мери Барнс, она што го рече, нејзината изјава беше јавна, дека Македонија не прави доволно во борбата против корупцијата и организираниот криминал. Што рече амбасадорот на Холандија? Рече – оставете го проблемот со Бугарија, водете борба против корупцијата, јавно соопштение. Имавме и јавни изјави на амбасадорите на Франција, Германија и така натаму, затоа амбасадорите на репрезентативните земји јавно без двоумење изјавуваат дека Македонија има проблеми во борбата против корупцијата … Ова значи дека и покрај фактот дека Владата создаде министерство што се бори против корупцијата, наместо да се бори против неа, корупцијата во државата се зголемува. Да не заборавиме дека корупцијата е поврзана со Владата, со владини инстанци, изјави Снопче.