Од МВР стигна потврда дека е уапсен сопственикот на дискотеката „Пулс“ во Кочани. Според информации на Радио Лидер, името на сопственикот е Дејан Јованов – Деко. Во сопственичката структура имало повеќе лица, а дозволата за работа му била до 24 март. Според информациите до кои стигна Радио Лидер, Јованов кој бил еден од сопствениците на дискотеката имал и останати бизниси како кафулиња, но и компании во останати дејности.
Трагедијата која се случи ноќеска вклучува стотина повредени лица, од кои 30 се во кочанската болница, 60 се препратени во Штипската клиничка болница, а потоа дел од нив се препраќани во Скопје. Се работи за претежно млади лица кои ноќеска биле на концерт на групата ДНК. Избил пожар во дискотеката со 1.500 присутни.
Се запали дискотека за време концерт на дуото ДНК, има жртви и повредени. МВР ги приведува сите вклучени во организацијата на концертот. Бројот на жртви неофицијално е 51 лице, а бројката на повредени во пожарот дополнително ќе се утврдува.
Пожарот според неофицијални информации настанал од употреба на пиротехнички средства, се запалил оган, а потоа настанало стампедо. Дел од лицата починале бидејќи се задушиле.