Објавени сите 17 уапсени лица во големата полициска акција

НетПрес го објави идентитетот на лицата кои се лишени од слобода, како и на оние кај кои се извршени и сè уште се вршат претреси. Според најавите, сите осомничени во текот на утрешниот ден ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка.

Лица лишени од слобода во акцијата

Според извори од истрагата, за дел од осомничените може да биде определена и мерка притвор. Станува збор за следните лица:
Александар Шутов, Александар Марков, Елисавета Маркова, Адриано Дебников, Џелал Мустафа, Кадифе Исмаили, Раиф Елези и Марјан Марковиќ од Србија.

Изречени мерки на претпазливост

Лица кои се лишени од слобода и веќе се изнесени пред судија на претходна постапка, на кои им се изречени мерки на претпазливост, се:
Елена Тафчиевска, Кристијан Јовановски, Александар Пехчевски, Гоце Веселиноски, Кети Камилоски, Ваљбона Азири Исмаили, Зухрије Реџепи, Сања Гиевска и Тања Настеска.

Сите осомничени вработени во УЈП Скопје

Според истите извори, сите наведени лица се вработени во Управа за јавни приходи – Скопје. Во текот на денот, НетПрес објави дека повеќе од десет лица биле приведени во рамки на големата полициска акција што се спроведуваше на повеќе локации низ државата, а која е насочена кон прибирање докази за сериозно даночно затајување.

Од Јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција информираа дека под раководство на јавен обвинител, истражители со асистенција на полициски службеници од Министерство за внатрешни работи вршат претреси на повеќе локации низ државата. Акцијата е насочена кон обезбедување лица осомничени за злосторничко здружување, перење пари, даночна измама и даночно затајување од поголеми размери, при што беше најавено дека дополнителни информации ќе следуваат.