Јапонија денеска пречека 20 Украинци кои избегаа од војната и пристигнаа на аеродромот во Токио со авион на јапонската влада.

Бегалците пристигнаа од Полска со министерот за надворешни работи на Јапонија Јошимаса Хајаши, кој беше во посета на Варшава.

– Дознавме дека неколку луѓе искрено сакаат да бидат евакуирани во Јапонија, но дека имаат потешкотии сами да го платат патувањето, изјави владиниот портпарол Хироказу Макуно на прес-конференција.

Тој додаде дека на групата од 20 луѓе им било кажано дека можат да се качат во владиниот авион.

Досега Јапонија прими 404 граѓани на Украина, по одлуката з итен прием на бегалци, што минатиот месец ја соопшти премиерот Фумио Кишида.