На 12.03.2023 полициски службеници од СВР Скопје ги привеле С.Ч. и Р.Г., постапувајќи по претходна пријава од М.С. (46) од Скопје, кој во 03,40 часот во ПС Гази Баба пријавил дека околу 02,15 часот на бензинска пумпа на подрачје на Гази Баба, а по претходен телефонски повик, се сретнал со С.Ч., кој по кратко време физички го нападнал и со закана со пиштол го принудил да влезат во неговото возило „ауди“ и да се упатат кон продажен објект на подрачје на Гази Баба, во кој биле Р.Г., В.Г. и Х.С..

Притоа, според пријавеното, С.Ч. постојано го прашувал М.С. во какви релации е со неговата сестра и му упатувал закани.