Повеќе активности во законодавниот дом

Во Собрание на Република Северна Македонија денеска се одржуваат повеќе активности и состаноци на работните тела.

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, ќе реализира неформален седмичен брифинг со новинарите, на кој се очекува да се осврне на актуелни теми од парламентарната работа.

Комисијата за земјоделство со закон во прво читање

Членовите на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе го разгледаат, во прво читање, Предлог-законот за органско земјоделско производство.

Со оваа точка на дневниот ред започнува парламентарната постапка за предложеното законско решение.

Јавна расправа за употребата на АИ во јавниот сектор

Во собраниската сала „Борис Трајковски“ ќе се одржи јавна расправа по конечниот извештај на Државен завод за ревизија за извршената ревизија на успешност на тема „Можност за употреба на вештачка интелигенција во јавниот сектор“.

Како што информира собраниската служба за информирање, воведни обраќања ќе имаат министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, и главниот државен ревизор, Максим Ацевски. Повеќе детали во текот на денот.