Сојузот никогаш не организирал ниту, пак, повикал на бојкот поради дигитализацијата на учебниците. Нема потреба од такви појави. Дигитализацијата на учебниците се однесува само на четврто одделение, кои ќе бидат дигитални од септември, а многу години ќе поминат додека отпочне процесот на дигитализирањето на наставните материјали во средното образование, објави Сојузот на средношколци на Фејсбук.

Нивниот став, како што наведува, е дека секој ученик треба да го има правото да избере од каков учебник сака да учи.

🔴 РЕАКЦИЈА ПО БОЈКОТОТ НА „СРЕДНОШКОЛЦИТЕ“ / REAGIMI PAS BOJKOTIT TË “NXËNËSVE”

Гледајќи ги многуте написи по медиумите…

Posted by Unioni i Nxënësve të Shkollave të Mesme – Сојуз на Средношколци на РСМ on Wednesday, April 28, 2021

– Ваквите повици за бојкот ги манипулираат и им штетат на средношколците. Многу ученици денес беа изманипулирани од страна на ваквите групи без да знаат за што точно се бојкотира или кој го организира тоа. Затоа, ги повикуваме образовните власти да ги оправдаат изостаноците, информира Сојузот со повик до учениците дека „овој бојкот е лажен и беспредметен“.