Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има изолирана појава на краткотрајна нестабилност. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени. УВ-8.

Како што соопшти УХМР, во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне со услови за краткотраен дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 31 степен.

Во наредните денови времето ќе биде стабилно, од викендот со засилен, долж Повардарието и во источните делови повремено силен ветер од северен правец, над 60 километри на час, што ќе услови намалување на дневната температура.

Од понеделник дневните температури ќе бидат во значителен пораст.