Сончево време со мала до умерена облачност ќе преовладува денеска во земјава. Претпладне, според најавите на синоптичарите, можна е појава на магла по одделни котлини и речни долини. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната од 10 до 17 степени.

Во Скопје, слично време со минимална температура до 0 степени и максимална до 11 степени.

Во следните два дена ќе се задржи стабилно и релативно топло време, претпладне со значителна облачност и магла по одделни котлини и речни долини. Од четврток попладне веќе следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места со снег. Дневните температури ќе бидат во опаѓање.