Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне особено во западните делови ќе има појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.
Максималната температура ќе биде во интервал од 28 до 35 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје, претпладне сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец, а од пладневните часови ќе има појава на краткотрајна нестабилност со повремен пороен дожд и грмежи. Максималната температура ќе достигне до 33 степени.
Во наредните денови следува период на топло време, повремено со изолирана појава на нестабилност во попладневните часови и со појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено за време на викендот и на почетокот на следната недела.