Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне и во вечерните часови во северените делови ќе има изолирана нестабилност со пороен дожд и грмежи.
Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. УВ индексот ќе биде 9.
Утринските температури ќе се движат од 9 до 18 степени, а дневните ќе достигнат максимални 36 степени.
Во Скопје слично време со максинална дневна температура од 34 степени.
Утре и во четврток ќе биде многу топло, а во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места ќе има услови за краткотрајно невреме.