Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 26 до 32 степена. УВ индексот ќе биде 8, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Скопје времето ќе биде претежно сончево. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 30 степени.
Утре попладне ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во сабота ќе дува засилен северен ветер, а во планинските подрачја ќе има услови за краткотраен дожд. Потоа во следните денови ќе биде претежно стабилно и топло со слаб до умерен северен ветер, информираат од УХМР.