Во следните два дена утринските часови ќе се задржат значително постудени, додека во текот на денот ќе преовладува стабилно и сончево време со мала до умерена облачност. Промената на временските прилики ќе започне во петок и за време на викендот, кога ќе настапи претежно променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои на одредени места ќе бидат пообилни и поројни.
Времето во среда, на 7 октомври, ќе се задржи сончево и релативно топло со појава на мала локална облачност на небото. Во текот на денот ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Дневните температури низ целата земја ќе се движат во широк интервал од 4 до 28 степени Целзиусови.
