Денеска стабилно време со сонце и северен ветер

Македонија денеска ќе има претежно сончево време со мала до умерена локална облачност, а во делови од земјата ќе дува и повремено засилен северен ветер.

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, ветерот ќе биде слаб до умерен, а на одделни места ќе достигнува брзина до 50 километри на час.

Утринските температури ќе се движат од 8 до 21 степен, додека дневните ќе бидат од 25 до 33 степени.

Во Скопје се очекува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој во делови од котлината повремено ќе биде засилен. Температурата ќе се движи од минимални 17 до максимални 32 степени.

Од вторник услови за локална нестабилност

Според УХМР, во текот на новата седмица ќе преовладува сончево време со променлива облачност во текот на денот.

Ќе дува слаб до умерен, а наместа и повремено засилен ветер од северен правец.

Во попладневните часови ќе има услови за локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а најизразена се очекува да биде во вторник.