Топло и сончево време во текот на денот
Времето денеска ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Утринските температури ќе се движат од 8 до 18 степени, додека дневните ќе достигнат меѓу 30 и 35 степени Целзиусови.
Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе изнесува околу 15 степени, а максималната ќе достигне до 35 степени.
Викендот стабилен, од понеделник можна нестабилност
Според прогнозата на синоптичарите, за време на викендот претпладневните часови ќе бидат претежно сончеви и топли, со мала локална облачност.
Во попладневните часови ќе има услови за краткотрајна локална нестабилност.
Од почетокот на новата работна седмица се очекува развој на нестабилна облачност во попладневните часови, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од северен правец.
