Сообраќајна несреќа се случила попладнево на регионалниот пат Кочани – Виница, поради што сообраќајот на овој патен правец е во прекин.
Според неофицијални информации едно лице починало на местото на несреќата, додека неколкумина повредени со возила на Итната медицинска помош се пренесени во Општата болница во Кочани.
Од АМСМ информираат дека сообраќајот е затворен во двата правци.
Од 14 часот патниот правец Кочани-Виница во близина на ресторан Шагал е затворен во двата правца поради случена сообраќајна незгода“, информираат од АМСМ.
