АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Регионалниот патен правец кој води преку Националниот парк Галичица ќе биде затворен за секаков сообраќај на делницата од Баба до Царина од 08:00 до 17:00 часот, поради изведување градежни работи на пат. По 17:00 часот патниот правец ќе биде отворен за сообраќај.