Како што се наведува во денешното соопштение од Министерството за здравство, Филипче секојдневно заедно со директорите го менаџираат здравствениот систем и покрај зголемениот број на хоспитализации се отвораат дополнителни капацитети за згрижување на ковид пациенти.
– Здравствениот систем деновиве се соочува со најголемиот предизвик до сега, состојбата во болниците е алармантна, но и покрај тоа со секојдневни напори се оспособуваат нови оддели за хоспитализација на ковид пациенти. Во исто време болниците се отворени и за болни кои имаат итни здравствени проблеми и им е потребна брза лекарска интервенција, за хронични пациенти чија состојба се влошила, за прегледи на болни кои мораат да ја контролираат редовно здрвствената состојба. Вработените во болниците дават натчовечки напори за да ги згрижат сите пациенти, се наведува во соопштениет од МЗ.
Здравствениот систем, се подвлекува, го работи она што никогаш не го работел до сега, соочен со напливот на пациенти со тешка клиничка слика, болни кои имаат потреба од лекарска помош чиј број од час во час се зголемува.
Министерот Филипче, заедно со директорите на болниците, лекарите и медицинскиот персонал, наведуваат во соопштението од МЗ, прават се што е во нивна моќ за пацинетите да добијат најдобра можна нега.
Од Министерството за здравство апелираат до сите граѓани, да бидат исклучително одговорни овој период, бидејќи штитејќи се себе си го штитат и здравјето на другите. Се апелира посебно младите да не се групираат и задолжително сите граѓани да ги почитуваат јавно здравствени мерки – носење на заштитна маска, одржување на физичка дистанца и хигиена