Овие совети се добредојдени за да имате пријатен и безбеден одмор, како за вас, така и за вашиот миленик.

Пред да почнете да планирате, без разлика дали се работи за приватно сместување или сместување во хотел, информирајте се дали е дозволен престој и за вашите домашни миленици;

Доколку е дозволено, препорачливо е да изнајмите соба на прв кат, што поблиску до излезот, со цел да го олесните процесот на излегување на прошетка со кучето;

Пред да заминете на одмор, однесете го вашето куче на преглед кај ветеринар, тој ќе ви потврди дали кучето е во добра здравствена состојба и дали може да патува;

Неколку часа пред поаѓање, оброците на вашиот миленик нека се состојат исклучиво од лесна храна, во планот за патување испланирајте еден допонителен час, кој ќе го намените за неколку попатни паузи;

Не заборавајте да ја понесете потребната документација за вашето куче, како и доказ дека редовно ги примило потребните вакцини;

Информирајте се каде се наоѓаат најблиските ветеринарни станици во близина на местото на вашиот престој;

За време на престојот, погрижете се за постојано да бидете снабдени со свежа вода за вашето куче, и што помалку изложувајте го на сонце;

Пожелно е миленикот да има соодветна идентификација, во случај да се оддалечи од вас, а во случај да се изгуби најлесно ќе биде да го пронајдете со помош на неговата фотографија.