Советниците на ВМРО-ДПМНЕ во општина Гази Баба на денешната седница го обвинија градоначалникот Борис Ѓорѓиевски дека не го почитува законот и дозволува пренамена на комплексот„ Космос“ среде градба.
-Конкретно две нивоа предвидени со основен проект со детален урбанистичка план со АУ за паркинг место планираат да ги пренаменат во деловен простор. Поточно околу 1500 метри квадратни да се пренаменат од паркиралиште во деловен простори. Кога се работи за бизнис интереси законите за СДСМ не важат и не се почитуваат.Профитот од оваа пренамена изнесува два милиони евра вели Александар Трајковски советник во општината од ВМРО-ДПМНЕ.
Тие бараат да реагира Државниот обвинител Љубомир Јовески како и Антикорупскиската комисија и тоа по допрен глас.