Интерпол Тирана потврди дека во соработка со колегите од Рим, Адриатик Лала, привремено бил уапсен во Рим заради негова екстрадиција, но како што пренесе Ора њуз, повикувајќи се на негов блиски извори, тој побарал политички азил во Италија.

Кога се појавил во Канцеларијата за миграција во Италија, барајќи статус на политички азил во оваа земја, рекол дека судскиот процес и кривичното гонење против него се догматизирани од внатрешни и надворешни политички фактори кои дејствуваат во Албанија. Лала потоа бил пуштен на слобода и чека да заврши целата процедура за добивање статус на политички азилант.

Откако посебниот Апелациски суд на 22 октомври ја потврди одлуката на Специјалниот суд против корупција и организиран криминал, со која на Лала (52) му е изречена казна затвор во траење од две години, одземање на имотот и забрана за вршење јавна функција во период од пет години и не го најде во неговиот дом, по него албанските власти распишаа меѓународна потерница.

По направената конрола на граничните премини беше потврдено дека во почетокот на септември тој ја напуштил Албанија во правец на Турција.

На функцијата главен обвинител Лала беше избран во декември 2012 од страна на албанскиот Парламент со 101 глас „за“, со претходно постигнат консензус меѓу политичките партии.

До неговото заминување од функцијата, во ноември 2017 година, се сметаше за еден од највлијателните луѓе во Албанија, од кого многумина стравуваа. Во 2018 година, на Лала и членовите на неговото семејство им беше забранет влез во САД поради сомневање за вмешаност во корупција.