– Осомничените издавале лажни пасоши исклучиво за пари. Сумата се движела и до 20 илјади евра. Знаете дека во изминатите месеци беа уапсени лица за издавање на фалсификат возачки дозволи, за сума од 1500 до 2000 евра, рече Спасовски.

Министерот додаде дека во институцијата е затворен кругот, но дека истрагата може да се прошири.

– Не секогаш е важно само да го најдете осомничениот, туку да видите дали има поширок круг на луѓе околу него. Внатре во институцијата кругот е затворен, одиме на проширување на истрагата да ги видиме другите аспекти. Идејата беше заедно со обвинителот да се организира акцијата заедничко, но по овој обид за саботажа од опозицијата, го пресековме каналот, вели Спасовски.