Спасовски рече:
-Една од клучните цели на МВР и на мене како министер е да ги подобриме условите за работа, бидејки тие се многу важна алка во синџирот на безбедноста кон мотивацијата на полициските службеници. Ние досега имаме целосно реконструирано, по сите стандарди со енергетска ефикасност, термо фасади, прозорци, вкупно 56 објекти. Моментално се работи на четири објекти на Секторот за внатрешни работи во Куманово, на ОВР Крушево, сега ќе започнеме со реконструкцијата во Прилеп и Чашка, понатаму продолжуваме Пробиштип и по приоритет
Активностите се одвиваат по основ на приоритет при што, како што дополни Спасовски, започнато е со работа на објекти кои се во најлоша состојба.
-Од најлошите продолжуваме кон оние кои се во најдобра состојба, при што кон крајот на оваа и можеби почетокот на идната ќе ги завршиме сите објекти. Градиме три нови објекти кои што се важни за МВР, а наскоро ќе започнеме со изградба на нова полициска станица во населба Аеродром, додаде министерот.
Целта, според Спасовски, е создавање подобри услови за работа на полицијата и подобри услови за остварување на правата на граѓаните.