Денеска (27.09.2022) во Министерството за внатрешни работи се одржа протоколарна средба помеѓу министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и новоименуваниот амбасадор на Унгарија во Македонија, Н.Е. Андраш Клајн, придружуван од аташето за внатрешни работи Иштван Шегеди.

-На средбата се разговараше за поддршката која Унгарија ја дава на нашата земја во врска со пристапувањето кон ЕУ, како и континуираната поддршка која од 2015 година па наваму оваа земја ја дава во форма на испраќање на унгарски полициски службеници кои се распоредени на нашата јужна граница. Имено, со реализацијата на меѓународната „Заедничката операција за засилен надзор на јужната граница на РСМ, со ангажирање на полициски службеници од странство“, Унгарија е една од осумте земји чии полициски службеници партиципираат во активностите, заедно со припадници на граничната полиција во заеднички мешани патроли, вршејќи засилен надзор на јужниот дел од границата со цел спречување на обидите за илегален влез или излез на мигранти и откривање на случаи на криумчарење мигранти, што истовремено придонесува и за заштита на границите на ЕУ, информираат од МВР.