Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, со придружна делегација од МВР, во Рим, Италијанска Република, денеска ќе оствари билатерална средба со министерката за внатрешни работи на Италијанската Република, Лучана Ламорџезе, како возвратна посета, откако министерката беше во посета на Република Северна Македонија во 2021 година.

Денешната средба, соопштија од МВР, ќе биде искористена и за потпишување Меморандумот за соработка во областа на сузбивање на трговија со дрога помеѓу Одделот за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи на Италијанската Република и Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија.