Полицијата на крајот мораше да интервенира, а дел од полицајците во цивилна облека беа исто така нападнати од страна на „Делиите“ бидејќи мислеле дека се фанови на Партизан.
Дел од сведоците на настанот во изјава за српските медиуми велат дека синоќа во Белград било навистина опасно.„Спасувавме жива глава“, се само дел од коментарите на случајните минувачи кои се нашле во незгодна ситуација во борбата меѓу двете навивачки групи.